Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не дозволи неговиот дуел против Александар Муле да влезе во нов ден и пред полноќ успеа да го скрши отпорот на Французинот, совладувајќи го со 3-1 во сетови (6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2).

Шестиот тенисер во светот до победата на централниот терен на „Ол Ингланд Клуб“ дојде по три часа и 20 минути игра.

Противник на Ѓоковиќ во 2. коло ќе биде домашниот тенисер Даниел Еванс.

Британецот го почна настапот на Вимблдон како 154 рангиран на АТП листата