Мнозинството е стабилно, тврди претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој денеска посочи Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет.
„Мнозинството е стабилно. Нема никаква дилема околу тоа дали имаме мнозинство, се работи за преминување на една од политичките партии во опозиција, но гледате дека неколку пратеници остануваат дел од „Влен“. Мислам дека Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет“, изјави Гаши.
Според него се чека премиерот да предложи нов министер за здравство, по што тој предлог да биде ставен на дневен ред и ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието.
„Како што знаете, и по Закон и по Деловник, предлогот доаѓа од Владата. Премиерот треба да предложи нов министер. Кога ќе дојде на дневен ред предлогот, тој предлог веднаш во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе ја ставиме на првата наредна седница“, посочи Гаши.
Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити најави дека на седница на Централното претседателство на ВРЕДИ е одлучено Азир Алиу да биде нивен предлог за нов министер за здравство по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.
Comments are closed for this post.