Динамо Загреб и полицијата се целосно одговорни за тоа што се случи, полицијата затоа што дозволи конвојот да ја помине цела Грција, рече во август 2023 година извршниот директор на ФК АЕК, Јоргос Космас откако во земјата беа пуштени околу 150 навивачи на хрватски Динамо, од кои поголемиот дел без билети, за натпреварот во квалификациите за Лигата на шампиони, кога се случија сериозни инциденти и беше убиен навивач на АЕК, со што се поставува и прашањето дали атинскиот клуб има двојни стандарди кога се во прашање навивачите?

Пред две години ФК АЕК ја обвинуваше полицијата што ги пуштила хрватските навивачи во Грција во пресрет на фудбалскиот натпревар со Динамо Загреб, сега, две години подоцна РК АЕК (индиректно) ги обвинува македонските власти што не ги пушти нивните навивачи на натпреварот со Алкалоид.
На 8 август 2023 година, ФК АЕК требаше да биде домаќин на Динамо Загреб во третото квалификациско коло во Лигата на шампиони, но ден претходно, пред стадионот во атинската населба Неа Филаделфија имаше сериозни инциденти меѓу навивачите на грчкиот и хрватскиот тим, а 29-годишен навивач на АЕК беше прободен со нож по што им подлегна на повредите.
Comments are closed for this post.