Деветгодишниот Даријан Галевски е продукт од школата на Јовче Џипунов, за кого интерес појави и великанот на европскиот фудбал – Барселона. Малиот Галевски зад себе има повеќе од 20. одиграни турнири во својата генерација (2016), а еден таков му донел и покана за учество на камп во Барселона.

Се работи за турнирот во Загреб, каде четири тренери и еден координатор од престижната школа на Барселона, Ла Масија, го посочиле Галевски за најдобар поединец во конкуренција од 200. врсници. По кампот во Загреб добива повик за учество на камп организиран од Ла Масија. Автентичниот стил на игра кој го негува Галевски ги воодушевил тренерите во Академијата на Барселона. Галевски го опишале како момче со далеку поголема визија пред голем дел од својата генерација.

Од Барселона, веруваат дека ќе имаат нова прилика одново да се уверат во квалитетите на Галевски, пред можен договор откако неговата ворзасна граница ги исполни условите, односно тој наполни 13. години, пренесува ,,Ал Џезира Балкан”.

Според сведоштвото на неговиот татко, Дарјан започнал инвидуално да шутира топка на свои две години, додека на четири години и осум месеци, за првпат се појавува на тренинг во Школата на Џипунов, ,,Форца”. На изданието од турнир ,,Олимпик фудбал фест” во Белград, Галевски е скениран од радарот на Црвена ѕвезда и оттогаш е дел од белградскиот тим. Успехот на ова младо момче е огромно и најавува нешто многу големо.