Нашата фудбалка легенда за „Спортски журнал“ го искоментира дербито Црвена Звезда-Партизан.

Натпреварот беше атрактивен, убав за гледање. Публиката можеше да ужива во големиот број на голови. Кога мрежите се тресеат шест пати, тогаш дербито не може да се оцени лошо. Навикнати сме, сепак, на многу поголема тензија во дербито, далеку поголема агресивност во играта. Саботниот натпревар не ни го даде тоа. Се чинеше мирно и фер, речиси како да се игра пријателски натпревар.