ОД ЗДРАВСТВЕНИ И ТЕХНИЧКИ ПРИЧИНИ КОНЦЕРТОТ НА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ СЕ ПРЕЗАКАЖУВА ЗА ПРОЛЕТ 2025, информира „Авалон“ продукција.

Ве информираме дека поради вчерашна, новонастаната здравствена состојба на Владо Јаневски, после која нема 100 процентна сигурност дека ќе биде способен да го одржи закажаниот концерт на 27 декември во СЦ Јане Сандански, како и други одредени технички причини кои ги има овој проект во моментов, заедно со Владо донесовме одлука концертот да се одржи во период март – април 2025.