Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во интервјуто за „Република“ уверува дека помина времето на евтино јадење и пиење во ресторанот на владата. Тој посочи дека цените се зголемени а зголемени се и маржите.

Веднаш побаравме зголемување на цените. Од 15 проценти маржа ја кренавме цената на 50. Ако во 2020 година бифтекот чинел 210 денари сега е 730 денари. Мислам дека ова е соодветна цена. Овие услуги не ги користат само функционерите туку сите вработени во Владата и Собранието. Сите актуелни и идни тендери што ќе ги објавуваме како Служба ги олеснуваме условите за нивно конкурирање. На пример кога набавуваме колонијални производи за нашите ресторани во минатото тендерот чинел шест милиони денари, а нашиот кој го спроведовме е три и пол милиони. Од старт сме заштедиле два и пол милиони денари.-објасни Томовски за „Република“.