Денот на албанското знаме сибоќа се славеше низ Македонија, но и низ Скопје. Но додека тоа се славеше, на две места е снимено и сквернавење на македонското – објави Скопје1. Едната локација, според порталот, е Скопје односно Бит Пазар, каде македонското знаме било палено, а потоа искинато и фрлено. Во другиот случај, автомобил „дрифта“ над македонското знаме.

На неколку локации во Скопје се слушаа и рафални пукања, но не се знае од што доаѓаа.