Завршена е постапката за набавка на 12 нови возила за Итната медицинска помошшто ќе бидат распределени насекаде низ државата. Од нив шест ќе бидат наменети за Скопје, со што капацитетот на Брза помош во Скопје ќе се дуплира и ќе се приближи до просекот што го бара Светската здравствена организација (СЗО), за едно возило на 50.000 жители, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Министерот информира дека се работи на развивање модел за едукација на докторите кои работат во Брза помош со една едукативна институција од Израел. Целиот проект е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и се очекува до крајот на годината процесот на тренинг со имплементација на нови методи, кои ги нема во нашата земја, ќе бидат имплементирани.
Докторите кои работат во итната помош ќе пружат и дополнителен, поинаков вид на услуга на самото место со што, како што рече, ќе се скрати времето на транспорт и значајно може да се намали степенот на последици кои настанува за време на транспортот на овие итни случаи.
Comments are closed for this post.