Поранешната мис на Швајцарија Кристина Јоксимовиќ била задавена до смрт и дивјачки распарчена од нејзиниот сопруг, кој потоа ги сомел нејзините останки во блендер, открија швајцарските власти.
Кристина Јоксимовиќ (38) беше пронајдена мртва во својот дом во Бининген, во близина на градот Базел во Швајцарија.
Нејзиниот 41-годишен сопруг, именуван само како „Томас“ во извештаите на локалните медиуми, беше приведен, но поднесе жалба за да биде ослободен, што беше одбиено од федералниот суд на земјата во Лозана откако тој го призна убиството.
Во пресудата, која откри нови страшни детали за убиството, се вели дека тековната истрага открила „конкретни индиции за ментална болест“ на сопругот.
Касапеното тело на Кристина Јоксимовиќ беше откриено ноќта на 13 февруари.Сопругот на манекенката и таткото на нивните две ќерки призна дека ја убил во март, но рече дека тоа било за да се заштити откако таа претходно го нападнала со нож.
Comments are closed for this post.