Судијата Лазар Нанев e под истрага за 95 телефонски повици со обвинет во случајот кој го судел.
Судскиот совет на вчерашната седница разгледуваше барање за одговорност на судијата Лазар Нанев од Основниот суд Кавадарци. Причина за расправата е неговата контроверзна постапка во случај каде се слушнал 95 пати со обвинет во предмет на кој самиот судел, без да се изземе од него, и притоа донел пресуда.
Нанев инсистирал седницата на Советот да биде јавна, но тој денеска не се појави. Претседателката на Комисијата, Лорета Георгиева, информираше дека судијата ја примил поканата на 8 февруари, но не испратил никакво известување до почнување на расправата.
Comments are closed for this post.