Извештајот на Обединетите нации откри дека контролата на дрогата во Велика Британија ја имаат банди од Балканот и дека тие во моментов вршат „значајна контрола врз пазарот на кокаин“.
Криминалци од албанско потекло увезуваат кокаин од континентална Европа преку пристаништата во југоисточна Англија.
Фармите за канабис управувани од албанските криминални мрежи, според нивната проценка, достигнале „ниво на епидемија“ и „станале вистинска индустрија“, пишува „Дејли мејл“.
Со помош на сојузи со јужноамериканските нарко картели, овие групи ја зајакнуваат својата позиција со комбинирање на страв и смртоносно насилство, што го докажуваат со прикачување на фотографии на Интернет полни со пиштоли, дрога и многу пари.
Една од најозлогласените албански банди, која „владее“ со пазарот е Хелбанианц, чие седиште е на имотот Гаскојн во Баркинг, источен Лондон.
Сегашниот пазар на кокаин во Велика Британија вреди околу 2,3 милиони евра со околу еден милион корисници, а истражувањето на Националната агенција за криминал покажа дека криминалните групи организирани од Албанци ја контролираат речиси целата земја.
Comments are closed for this post.