Убиениот на паркингот пред ТЦ „Мавровасја“ е Васил Ефтимов, управител на фирмата Мителмонт, дознава Алсат.
Тој денеска е убиен со огнено оружје од лице кое, според очевидци, прво го отворило багажникот од неговиот автомобил, од каде што зел пакет, а потоа пукал кон жртвата.
Кога се случил инцидентот, Ефтимов бил придружуван од женско лице. По доаѓањето екипата на брза помош ја констатирала смртта.
Полицијата веќе соопшти дека во врска со случајот се приведени две лица, а посочија дека се трага и по уште едно лице.
Засега не се познати причините за ова убиство.
Жртвата не е адвокат, како што претходно се тврдеше, туку е бизнисмен, кој се занимавал со продажба на материјали за водовод и канализација, но имал и дуќан за бижутерија во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром.
Како што дознава Плусинфо од полициски извори, убиството е сплет на несреќни околности, бидејќи напаѓачите помислиле дека Ефтимов во својот автомобил носи чанта полна со злато и вреден накит.
Comments are closed for this post.