Откако израелската пејачка Нета во мај победи на „Евровизија“ со песната „Toy“, Европската радиодифузна унија денес соопшти дека град домаќин на 64. издание на фестивалот ќе биде Тел Авив. По неколкумесечни преговори, организаторите велат дека го избрале Тел Авив, а не Ерусалим, заради инфраструктурата и можностите што ги нуди. Финалето ќе се одржи на 18 мај 2018 година, а полуфиналињата се закажани за 14 и 16 мај, во Експо центарот во Тел Авив.
The Host City for the Eurovision Song Contest 2019 is…
? Tel Aviv, Israel ??
? Semi-final 1 – 14 May
? Semi-final 2 – 16 May
? Grand Final – 18 May? Tweet using #Eurovision #ESC2019
➡️ Learn more about the host city on our website: https://t.co/Wz3aOCXrX9 pic.twitter.com/zTEtlgUx8G
— Eurovision (@Eurovision) September 13, 2018
„Сакаме да им се заблагодариме на сите израелски градови што се вклучија во трката за домаќин на ‘Евровизија 2019’ и на националната телевизија КАН што ни помогна да направиме темелна проценка пред да донесеме конечна одлука. Сметаме дека Тел Авив го нуди најдоброто решение за најголемиот музички фестивал. Возбудени сме што фестивалот ќе се случува во нов град и се радуваме што ќе работиме со КАН за да ја направиме следната ‘Евровизија’ најспектакуларна до сега“, изјави Јон Ола Санд, претседателот на ЕБУ.
Израелските медиуми пишуваат дека Тел Авив е избран од безбедносни причини.
Comments are closed for this post.