Не дека не е познато на граѓаните, организирање на свечености со труби по тунели, еве сега имаме втор дел, свеченост за пристигање на обрасци за пасоши.Место пратениците на СДС и ДУИ, да се одважат и да им помогнат на граѓаните, со гласањето во Собранието, за продолжување на рокот на пасошите, тие се решија свечено да ги примат обрасците, на граничниот премин Богородица, со сите почести, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека граѓаните чекаат решение, кое може да се донесе веднаш во Собранието, со кое ќе се ослободат 600 илјади луѓе од отворен затвор, тие си играат мајтап со нив на граница.
Оваа финална етапа на власта во паѓање, е права слика, за нивното цело владеење во овие 7 години. Место решенија, гола пропаганда и неспособност.
Comments are closed for this post.