Превирањата во Алијансата за Албанците може да влијаат на привремената техничка влада.Особено откако двајцата министри од оваа партија, Меџити и Алиу се изјаснија дека го поддржуваат претедателот Таравари но и оти нема да ја напуштат владата.
„Нема да поднесеме оставка, прво затоа што работевме транспарентно и второ, нашата партија не може да бара разрешување бидејќи нема основа врз која може да го бара тоа, бидејќи резултатите зборуваат сами за себе“, рече Азир Алиу.
Лидерот на партијата го навлече незаводоволството кај дел од членство и кај поранешниот претседател Зијадин Села откако објави дека ќе се приклучат на албанската опозиција која ја предводат Изет Меџити, Африм Гаши и Касами.
Згора на тоа, ккадровската комисија на АА побара од техничкиот премиер Џафери да ги разреши двајцата министри од нивната партија, но тој се уште се нема јасно изјаснето што ќе превземе.
Доколкку поднесе барање за нивно разрешување тоа може да предизвика и пад на владата бидејќи Алијанса за Албанците има осумина пратеници во Собранието а парламентарното мнозинство брои само 64 пратеници.
Неизвесно е колкумина од нив се под контрола на Таравари а колкумина на Села и како би се однесувале при евентуално гласање за доверба на владата.
Многу работи ќе бидат појасни во сабота за кога е закажано Централното собрание на Алијансата за Албанците на кое засега е само точката на Села за самостоен настап на изборите
Comments are closed for this post.