Непосредно пред изгласувањето на техничката влада, која првпат ќе биде предводена од премиер Албанец, лидерот на ДУИ е видно расположен. Денот му започна со песната на Калош Дани.

Министерот Артан Груби реши да го овековечи тој момент, па ги сними и видеото го објави на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Многу емоции, пријатели. Али Ахмети му пее на Калош Дани“, напиша Груби во описот на видеото.