Дали е подобро да го исклучите бојлерот или да го држите постојано вклучен и како да заштедите, е дилемата која ги мачи сите што сакаат да ја намалат сметката за струја.
Апсолутно не е точно дека е подобро за паричникот да го држите постојано вклучен бојлерот. Се разбира, сè зависи од бројот на членовите на домаќинството. Затоа, ако се работи за самец или брачен пар, порационално е да се вклучи по потреба. Од друга страна, ако се работи за семејство со голем број членови, веројатно најзгодно им е да го имаат постојано вклучен бојлерот бидејќи на некој ќе му треба вода во секој момент.
-Важна улога игра и намената на бојлерот. Ако бојлерот е наменет само за туширање, тогаш има смисла повремено да го вклучувате, а ако се работи за бојлер со голем проток што го користите и за потребите на кујната, тогаш има смисла постојано да е вклучен бидејќи тогаш ќе најверојатно го исклучите многу ретко, велат експертите.
Затоа е поекономично да го вклучите кога е потребно, а секако, доколку веќе се грижите за заштедата, тогаш вклучете го кога тарифата е поевтина, додаваат професионални електричари.
Comments are closed for this post.