Денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО поради немање услови за негово одржување, е одложено за 23 ноември.
На денешното рочиште не беа присутни поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои од утринава се во притвор во затворот во Шутка.
Тие заедно со пратеникот Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко и уште неколкумна други лица се обвинети во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности.
Comments are closed for this post.