Во Грција има информации дека грчкиот електропреносен систем, е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО.Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем, сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин, Македонија целосно ќе ја изгуби својата енергетска независност како држава, односно ќе зависи во тој дел од друга странска држава,обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Додека на власта и е полна устата со ЕУ, НАТО и Америка, во исто време 24% и златна акција во ИПТО има најголемата кинеска државна компанија. Значи 76% е на Грција, а 24% е на Кина.
Оттука излага дека на ДУИ и СДС им е важен само профитот, без разлика дали притоа соработуваат со Руси, Американци, Грци или Кинези. Тие имаат една главна звезда водилка во своето делување, а тоа е личниот профит, преку зделки, со тие што ќе понудат највеќе.
Оваа информација вчера ја откри потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.Тој смета дека на овој начин Македонија целосно ќе ја изгуби својата енергетска независност“.
„Сега што е проблемот, првиот проблем е што никој не води стратешки разговори дали на Македонија и одговара најголемиот производител на обновлива енергија во Македонија да е грчки капитал и дел од електропреносниот систем да е грчки капитал. И кој се согласил во Македонија? Затоа што тоа мора да е консензуална одлука да МЕПСО се продава. Затоа што на времето кога се продаде електродистрибуција или ЕСМ по старо, СДСМ ја продаде, а никој не даде согласност освен СДСМ“, појасни Николоски.
Comments are closed for this post.