Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ беше во посета во општина Зелениково и запрашан за коментар на германскиот ФАЦ кој ја критикува владата истакна дека овој весник до срж практично ја разголе пирамидата на криминалот која што функционира во Македонија.

Германскиот реномиран весник ФАЦ до срж практично ја разголе пирамидата на криминалот која што функционира во Македонија и кога ние алармираме 6 години дека ова се случува, за жал и од страна на одредени европски политичари тоа наидува на игнорирање – потенцираше Мицкоски.

Претседателот Мицкоски во врска со ова овој проблем укажа дека тој треба да се реши, а тоа ќе биде преку промени кои што ќе донесат една нова иднина, политичари со план и визија како да ја развиваат Македонија.

Овдека проблемот станува се подлабок и потежок за решавање и тоа е наш проблем и треба ние да си го решиме. Како ќе го решиме? Се знае со промени. Затоа е важно за неколку месеци од денес да направиме промени кои што ќе донесат една нова иднина, политичари со план и визија како да ја развиваат Македонија. Во спротивно ќе продолжиме да тонеме во криминал и политичка корупција која што ја гледаме 6 години и од ден во ден станува се поакутна и би рекол алармантна, се доведува под знак прашање непостоењето на системот, тука постоењето на државата – додаде Мицкоски.