а интернет се појави видео од настапот на Рада Манојловиќ на кое таа ја пее познатата песна „Македонско девојче“, но со очигледно изменет текст.

Имено, наместо „китка шарена“, луѓето пишуваат како што звучи „ки*а шарена“ (пенис), што секако наиде на голема осуда.

Сепак, вистината е дека така испадна бидејќи на сцената имаа технички проблем, што Рада го потврди за тамошните медиуми.

– Бидејќи гледам дека ова видео има огромен број прегледи, чувствувам должност да го објавам. Знаете дека никогаш не употребувам недолични и вулгарни зборови во моите песни, а камоли така да го отпеам најголемиот македонски хит. Точно е дека звучи така, но само затоа што микрофонот застанал во тој момент. Не знам дали е кабелот или што, ама така е. И тоа не се случи само на таа песна, туку и на други во текот на вечерта, имавме проблем со кабелот и адаптерот, но секако, за жал, ја имав несреќата да го скршам токму тој збор и некој да го пее. Не сакам никого да навредам, знаеш дека тоа не е мој стил.

Проценете сами