Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс даде свое видување за победата над Фиорентина (2:1) синоќа во финалето на Конференциската лига.

 

– Фантастично е! Имав долга фудбалска кариера. Ваквите настани не се случуваат секој ден. Мора да работите напорно и напорно за тие моменти. За среќа, вечерва помина добро по нас. Прекрасни се чувствата, изјави Мојс.

 

Тој стана првиот шкотски тренер по Фергусон кој освоил Европскиот куп. Последен пат под водство на Шкотланѓанец, Манчестер јунајтед во 2008 година ја освои Лигата на шампионите