Цената на бензините од полноќ ќе се намали за 4,5 денари, на дизелот за три денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Билсимовски.
Денеска имаме едно од најголемите намалувања на цените на бензините и дизелот од кога постои Регулаторната комисија за енергетика. Тоа не е наша заслуга, ниту претходно по наша заслуга или вина беше зголемувањето на цената на горивата, едноставно такви се трендовите на берзата за нафта. Ние само ја применуваме методологијата која што е дел од купопродажниот договор за ОКТА ратификуван од Собранието во 1999 година, изјави Бислимовски.
Цената на суровата нафта на светските берзи се спушти на најниското ниво во последните три месеци. Пред точно една недела, барел нафта на берзата во Лондон, се спушти за 72,5 долари за барел што е намалување за повеќе од 5 долари само во последните 7 дена.
На највисоко ниво, цената на нафтата се качи на почетокот на октомври кога еден барел се продаваше за 85 долари.
Comments are closed for this post.