Новак Ѓоковиќ, како што пренесува „Кориере дела сера“ проговори за пријателството со Рафа и Роџер, таков однос е невозможен со ривалите.
„Никогаш не бевме пријатели, тоа не е можно меѓу ривалите, но никогаш не бевме ниту непријатели. Отсекогаш го почитував Федерер, тој е еден од најголемите на сите времиња, имаше неверојатно влијание, но никогаш не бевме блиски“, изјави Ѓоковиќ.
Тој исто така нагласува дека не ги разделува Рафа и Роџер и дека неговиот однос кон двајцата е ист.
“Рафа е само една година постар од мене, двајцата сме близнаци во хороскопот, а на почетокот дури двапати излеговме на вечера. Но и со него пријателството е невозможно. Отсекогаш сум го почитувал и многу му се восхитував. Благодарение на Федерер и тој станав тоа што сум да. Тоа ќе не обедини засекогаш, и затоа им се чувствувам благодарен. Надал е дел од мојот живот, во последните 15 години го гледав повеќе од мајка ми“, заклучи Ѓоковиќ
Comments are closed for this post.