Поранешниот фудбалер и татко на Ерлинг Халанд, Алф-Инге Халанд ја шокираше јавноста со своето срамно однесување на „Сантијаго Бернабеу“.

 

Алф-Инге во живо од ложата на „Сантијаго Бернабеу“ го следеше првиот полуфинален натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, но поради скандалозни испади, обезбедувањето беше принудено да го отстрани од трибините.

Таткото на славниот голгетер на Сити во текот на целиот натпревар ги провоцирал симпатизерите на Реал Мадрид, а во еден момент почна да фрла и со кикиритки по нив, па обезбедувањето мораше да реагира за ситуацијата дополнително да не ескалира.