„Има неколку спорни моменти, но најспорна е таинственоста. Штом Владата вели дека е ова историски добар договор, тогаш секоја Влада би сакала историски добрите договори да ги претстави во јавноста и да ја убеди јавноста дека постигнала добар договор, но бидејќи Владата сеуште го крие во тајност договорот и од новинарите, граѓаните и пратениците тогаш се поставува прашањето што има толку да се крие“, рече пратеникот и член на ИК Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.
Тој додаде дека сепак одредени совесни административци го доставија договорот нашата партија и тоа што го забележавме внатре се неколку штетни клаузули.„Едната и најсериозна штетна клаузула е да се исплатат во рок од една година 53 милиони евра доколку не биде сменет законот за работни односи од 40 часовна работна недела на 60 часовна работна недела, а Владата знаела дека Уставниот Суд веќе укинал една таква одредба од договорот“, вели Милошоски.
Милошоски истакна дека овој договор не е безбедносно прашање воопшто и треба да се провери која институција го класифицирала затоа што ако нешто ставите дека е државна тајна или строго доверливо треба да се има причина зошто тоа така го завеле како документ.„
Според мене овој договор треба да е претставен пред пратениците и да им биде поделен на сите пратеници бидејќи за да може пратеникот совесно да одлучува за одредени законски измени тогаш пратеникот е должен и има уставна обврска да ја контролира Владата, а со тоа самата Влада има обврска да го достави до пратениците“, потенцираше Милошоски.Тој рече дека со потпишувањето на овој договор Владата презела обврски надвор од законските норми.„Во самиот договор кој Владата го има потпишано со „Бехтел“ и „Енка“ таа презела обврска дека до крајот на април да бидат изведени сите подготвителни работи, помошни патишта, паркинзи, поставени контејнери, заштитни огради, проект за одраз кон животната средина и зачувување на животната средина, комплетен проект за автопатот Тетово – Гостивар требало до крајот на април да го има, но гледаме дека и тоа го нема“, заклучи Милошоски.
Comments are closed for this post.