Рада Манојловиќ долго време не зборуваше за медиумите бидејќи и требаше одмор. Сега таа се враќа и подготвува нов албум. Таа за „Курир.рс“ зборуваше за празнувањето на Велигден, а откри што и значи овој празник во животот.

фото Курир.рс

Во еден период од животот го изгубив чувството за сите празници и прослави воопшто. Тоа пред се се должеше на фактот дека ја изгубив мајка ми, која не остави засекогаш. Сè без неа беше некако празно со години. Никогаш повеќе не беше така. Подоцна работев со години и постојано бев во таа машина. Сега се повеќе чувствувам потреба да се вратам во тој одреден период и додека татко ми е сè уште жив и здрав, да создавам нови спомени со него. Заедно да евоцираме спомени од оние моменти кога сè беше убаво и безгрижно.