Италијанецот Лоренцо Музети беше пресреќен по победата против Новак Ѓоковиќ и пласманот во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло.

Се трудам да не плачам. Ова е многу емотивна победа бидејќи беше долг натпревар. Дуелот траеше три часа и беше прекинат поради дожд. Условите не беа лесни бидејќи беше малку ветровито и студено. Јас сум исклучително горд на себе. Се трудам да не плачам. Ова беше мојот сон.Не можев да го најдам вистинскиот баланс на теренот. Игрите беа многу блиски и многу долги. Тоа беше голема борба. Победата над Новак за мене е нешто несекојдневно. Само ќе уживам во оваа победа барем половина час, а потоа ќе се одморам, ќе се опоравам и ќе бидам подготвен за следната битка“.