Синиша Михајловиќ трогателно опиша како командантот на српската доброволна гарда, попозната како „Тигрите на Аркан“, му помогнал да го помине теренот што бил под мини за време на воениот виор во Хрватска во 1991 година до неговиот куќен праг.
– Благодарение на Аркан и неговата милиција, на крајот на таа година успеав да се вратам во Борово за да видам што остана од мојата куќа. Влегов во градот со воен камион. Војниците ме изведоа надвор, скенирајќи го теренот со опрема за да откријат дали има мини и експлозиви на теренот. Борово практично повеќе не постоеше. Се беше срамнето со земја, не можев ни да се снајдам. Само скелети од згради, шут и механизација беа натрупани за да се направат ровови. Патиштата што ги знаев напамет, метар по метар, минуваа илјадници пати, ми станаа туѓи-напиша Синиша во книгата.
Comments are closed for this post.