Црвена звезда практично е ново-стар шампион на Србија. Клубот прави големи планови за следната сезона, примарна цел е засилување на играчкиот кадар за да може тимот да влезе во борба со европските гиганти во Лигата на шампионите.
Можеби најпознатото име кое припаѓа на споменатиот сегмент е Немања Гудељ. Искусниот играч за врска ќе ја напушти Севиља и покрај добрите настапи на „Рамон Санчез Пихуан“. Немања успешно ја покрива позицијата стопер, а оваа сезона одигра 24 натпревари .Интересно е тоа што момчето кое поседува и холандски пасош бил во романтична врска со пејачката Анастасија Ражнатовиќ која живее во непосредна близина на Маракана, па затоа Белград треба да има предност пред другите градови како дестинација.
Comments are closed for this post.