Енергетскиот објект во срцето на Македонијa, ТЕЦ Неготино денеска бележи 45 години од своето постоење.
Иако со години преставуваше само ладна резерва и во крајна нужда се вклучуваше на македонскиот енергетски систем, од минатата година тоа не е случај. Од декември 2021 – та година до денес ТЕЦ Неготино работи за потребите на пазарот на струја, со еден или два котли.
Во последните три месеци електраната, која работи на мазут, произведува со полн капацитет, односно, работат и двата котли, со цел да се обезбеди дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза.
Во ваква состојба на глобална енергетска криза, ТЕЦ Неготино го оправда своето постоење и даде придонес за државните енергетски компании и целокупното стопанство, во моментов производствената цена е рентабилна и тоа значи заштеда на огромни средства за државата, велат дел од вработените кои деноноќно и макотрпно работеа во објектот да се стави во функција.
Од таму велат дека ТЕЦ Неготино е школски пример во регионот и во државата како постојки стари и по 45 години се одржуваат и по потреба се ставаат во функција , а тоа, според нив резултат на одговорноста и пожртвуваноста на работниците, стручниот кадар и менаџерскиот тим.
Согласно планот за производство, ТЕЦ Неготино треба непрекинато да работи со два котли до крајот на април.
ТЕЦ „Неготино“ има вкупен расположив капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК Битола.
Термоелектраната „Неготино“ почнала да се гради 1974, а изградена е во 1978 година, а последен пат претходно работела во производството на електрична енергија во 2009 година. Од 1978 до 2022 година се произведени 4700 гигават часови, а само во 2022 -та се произведени 420 гигават часови
Во ТЕЦ Неготино работат околу 200 вработени.
Comments are closed for this post.