По одржувањето на локалните избори во Туза, Црна Гора, актуелниот претседател на таа општина и претседател на албанската алтернатива Ник Ѓељошај изјави дека постигнале убедлива победа на локалните избори, по што следеше скандалозна прослава.
Како што може да се види на видеото, на прославата во Црна Гора се вееја знамиња на терористичката Ослободителна војска на Косово (ОВК). Може да се слушне и скандирањето на сите присутни кон споменатата терористичка организација.
Освен знамето на терористичката организација ОВК, се вееја и знамиња на Албанија, а она што изненадува е што при прославата на победата во споменатата општина во близина на главниот град, не можеше да се види знаме на државата каде што се одржаа овие избори.
Comments are closed for this post.