Еди Џордан, ирскиот бизнисмен за чиј тим возеше Михаел Шумахер, прв после долго време конкретно проговори за состојбата на легендарниот Германец.
Михаел Шумахер пред девет години имаше несреќа на скијање и оттогаш не е виден во јавноста. Долго време беше во кома, а за неговата здравствена состојба малку се знае, бидејќи неговото семејство на чело со сопругата Корина решило ништо да не открива во јавноста.
Сите се прашуваат како е Михаел Шумахер, дали е свесен или не, а на тоа прашање сега одговори и Еди Џордан. Тој изјави дека „Шумахер е присутен, но не е присутен“, што секако ќе доведе до нова мистерија, бидејќи сега му е забрането да го посетува Шумахер.
Comments are closed for this post.