Министерството за култура ги распредели парите за финансирање на проекти од национален интерес во културата, а на популарниот фолк-пејач Наум Петрески му биле одобрени 60.000 денари.
Петрески за „Фокус“ кажа дека сумата која ја добил од министерство за култура е доволна за да се сними само една песна, па затоа решил да сними поголем дел од песните во Србија.
Смешно е да се коментира за сума од 1.000 евра доделена за снимање на цел албум. Само една песна изнесува толку, ако не и повеќе. Ме има на списокот на министерството, колку да се каже дека ме има. Ако ова е начин да се придонесе за нашата култура и за проекти кои се од голема важност, ќе кажам само дека начинот е сосема погрешен. Се оди на уништување на сè што е вредно во уметноста и културата во Македонија. Имав многу проекти, но се навикнав, тие едноставно ме „откачуваат“, вели Петрески за „Фокус“.
Comments are closed for this post.