Македонската ракометна репрезентација ги продолжува настапите на Светското првенство 2023 со мечевите за пласман од 25 до 32 место во Президент купот во дуели што ќе се играат во Плоцк, Полска.
Попладнево од 15:30 часот, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се соочат со Алжир во првиот натпревар од Групата 2.
Во вториот меч од оваа група од 18 часот се среќаваат Тунис и Мароко.
Во натпреварите од Главната групна фаза играат:
Катар – Холандија (15:30 часот)
САД – Бахреин (15:30)
Египет – Белгија (18:00)
Германија – Аргентина (18:00)
Данска – Хрватска (20:30)
Норвешка – Србија (20:30)
Comments are closed for this post.