Најмалку 13 цивили и шестмина терористи се убиени кога три автомобил-бомби експлодираа во близина на хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу.
Двајцата милитанти, кои ги возеле автомобилите со експлозив, загинаа за време на експлозијата, додека четворица борци, кои се обидувале да го погодат хотелот беа убиени од страна на обезбедувањето на хотелот.
Третата бомба била скриена во празен автомобил, оставен на паркинг.
Околните згради, вклучувајќи го и хотелот Хајат и Централната истражна служба се оштетени од силните експлозии.
Набргу по експлозијата, Ал Шааб ја презеде одговорноста за нападот.
Comments are closed for this post.