Навивачите на српската репрезентација очекуваа поголема минутажа за Душан Влаховиќ на Мундијалот.
Сепак, тој седеше на клупата за резерви цел натпревар. Зошто?
Истото прашање ги мачеше и новинарите во Доха, па го поставија Драган Стојковиќ по разочарувачкото реми.
– Влаховиќ денеска не беше на 100 отсто, како што видовте имавме две принудни замени на Вељковиќ и Павловиќ и тоа многу ни ја наруши идејата можеби да се обидеме да го вметнеме Јовиќ. Беше премногу опасно, со оглед на тоа што Камерун имаше опасни напаѓачи. Имавме многу шанси, не бевме многу паметни и затоа не освоивме три бода – изјави Стојковиќ.
Целата ситуација на Влаховиќ на Мундијалот е доста турбулентна. Социјалните мрежи коментираат дека ситуацијата во тимот е нарушена поради секс скандал. Наводно токму Влаховиќ имал афера со сопругата на голманот Вања Милинковиќ Савиќ а пак Немања Гудељ со Софија Милошевиќ која е сопруга на Лука Јовиќ.
Случајно или не ниту Влаховиќ ниту Гудељ и Јовиќ беа во тимот против Камерун.
Comments are closed for this post.