Формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 отсто од населението“ не е поврзана со дневната политика, туку со навредлива дефиниција на албанскиот јазик која мора итно да се отстрани, што ќе ја зголеми внатрешната социјална и меѓуетничка кохезија и ќе ја направи Македонија уште подобра, уште посилна и земја која ги прифаќа европските вредности на јазична и културна различност.
Ова го соопштија од Алијанса за Албанците, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска рече дека е подготвен да разговара за остранување на нормата „20 проценти“, но, исто така, и за отстранување на бадентерот и балансерот.
Comments are closed for this post.