Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен ќе се обиде на крајот на оваа сезона да го донесе во своите редови капитенот на Тотенхем и на англиската репрезентација Хари Кејн, јавија германските медиуми.
Баерн изминатото лето преку посредник ги контактираше менаџерите на Кејн, но тој одлучи да остане во Тотенхем.
Според германските медиуми, раководството на Баерн верува дека може да го убеди англискиот капитен да направи трансфер во клубот од Минхен, кој секоја година е конкурентен во битката за титулите во Германија и Лигата на шампиони.
Кејн (29) е член на Тотенхем од 2009 година, а за лондонскиот клуб досега одигра 401 натпревари на кои постигна 258 голови
Comments are closed for this post.