Станаа познати барањата на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси при преговорите со Барселона за продолжување на договорот во 2020 година.
Триесет и петгодишниот Аргентинец побарал од каталонскиот клуб бонус за потпис од 10 милиони евра и компензација за намалување на платите за време на пандемијата.
Според „Ел Мундо“, напаѓачот побарал и приватна ложа на „Камп Ноу“ за неговото семејство и семејството на напаѓачот Луис Суарез, како и чартери за да лета за Аргентина со целото семејство за време на Божиќ.
Според шпанскиот весник, поранешниот претседател на Барса, Жозеп Бартомеу прифатил поголем дел од условите, освен барањето обештетувањето да се намали од 700 милиони евра на 10 илјади. Тој, исто така, сакаше бонусот од 10 милиони евра да се плати само доколку клубот се врати на добри финансиски резултати. Поради овие несогласувања, страните ги прекинаа преговорите, а Меси на крајот се одлучи за трансфер во ПСЖ
Comments are closed for this post.