Претседателската на ЕК, Урсула фон дер Лајен говорејќи за енергетската криза од која е погодена Европа поради војната во Украина и снакциите против Русија, таа оцени дека пазарот на гас „повеќе не функционира “ и дека Русија „манипулира“ со него за да ја казни Европа за поддршката за Украина, јави дописникот на МИА.
-Тие претпочитаат да го согоруваат својот гас отколку да го испраќаат во Европа, рече Фон дер Лајен.
Таа ја повика Европската унија да го следи примерот на Европејците кои се прилагодуваат на недостигот на енергија, наведувајќи ги особено работниците во фабриката за керамика во Италија „кои решиле да работат рано наутро за да имаат корист од пониските цени“.
Претседателката на Европската комисија предлага ограничување на „приходите на компаниите кои произведуваат електрична енергија по ниска цена“ и „кризен придонес“ од производителите на фосилни горива. Се надева дека тоа ќе ослободи 140 милијарди евра.
-Тешко е да се прифати дека некои ја користат војната и прават мега-профити на грбот на граѓаните, рече таа.
Урусла фон дер Лејн најавува и создавање на „наменска група“, која ќе размислува за начини за намалување на цената на гасот.
Тоа беше најочекуваната најава на денот. Не го барајте зборот „данок“ или „такса“ во предлогот на Урсула фон дер Лајен за „ограничување“ на супер-профит, неопходно беше да се убедат сите европски земји за основаноста на предлогот, вклучително и Франција.
Зборувајќи за енергетската криза, Фон дер Лајен потсетува на „важноста“ на Европскиот зелен договор. Овој договор меѓу 27-те има за цел да ги намали емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година и да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година.
Со нетрпение се чекаше и најавата на ЕК за реформа на европскиот пазар на електрична енергија. Засега, цените на енергијата се поврзани со најскапата енергија (односно гасот во моментот). Идејата за раздвојување на цените на нуклеарната енергија и обновливите извори на енергија од цената на гасот, сепак не е потврдена од сите земји-членки. Скандинавските земји, за разлика од Франција, остро се против реформите. Разговорите се најавува дека ќе бидат тешки.
Откако ги спомена манифестациите на климатската криза ова лето кои ја погодија Европа, Урсула фон дер Лајен најавува дека противпожарната флота на ЕУ (одвоена од онаа на земјите-членки) ќе се удвои до следната година, со купување на десет лесни амфибиски авиони и три хеликоптери
Comments are closed for this post.