Еквадор се соочува со исфрлање од Светското првенство во Катар, тврди британски „Дејли мејл“ по добивањето на аудиоснимката, на која Бајрон Кастилјо потврдува дека е роден во Колумбија и дека добил нов идентитет за да настапува за нивната репрезентација.
Овие вести доаѓаат неколку дена пред ФИФА да ја објави конечната одлука за Кастилјо откако Чиле се жалеше дека постои лажење и фалсификување документи за Кастилјо, кој играше во осум меча во квалификациите за Светското првенство.
Според „Дејли мејл“, тие ја добиле снимката од интервјуто што Кастилјо го дал пред четири години и во кое јасно кажува дека е роден 1995, а не 1998, потврдува дека целосното име му е Bayron Javier Castillo Seguro, како што се покажува во колумбиските документи, а не Byron David Castillo Segura, како што е регистриран во Еквадор. Тој исто така во детали опишува како си заминал од колумбискиот град Тумако во Сан Лоренцо во Еквадор за да продоолжи со фудбалската кариера именувајќи еден еквадорски бизнисмен, Марко Замбрано, кој му помогнал да добие нов идентитет.
Домаќинот Катар треба да игра со Еквадор во првиот меч на мундијалот на 20 ноември.
Чиле се надева дека ќе го заменат Еквадор на СП бидејќи Кастилјо играше во двата меча меѓу двете репрезентации, а Чиле освои само еден поен. Ако добијат службени 3:0 победи, тие ќе скокнат од седмото на четвртото место на табелата во квалификацискат група пред Перу поради подобра гол-разлика.
Ова нема да биде преседан – во 2016 Боливија загуби четири меча од квалификациите за СП службено кога дефанзивецот Нелсон Кабрера претходно играл за парагвајската репрезентација.
Comments are closed for this post.