Францускиот фудбалер Пол Погба се врати во Јувентус. Италијанскиот клуб објави дека потпишал договор со играчот, кој летово на слободен трансфер го напушти Манчестер јунајтед.
Важноста на договорот што го потпиша Погба се „бјанконерите“ е до 30 јуни 2026 година.
Според прес-службата на Јувентус до 31 август 2022 година клубот ќе треба да плати провизија од 2,5 милиони евра.
Французинот веќе играше за клубот од Торино од 2012 до 2016 година, по што се пресели во Манчестер јунајтед за 100 милиони евра
Comments are closed for this post.