Британските научници создадоа генетски модифициран „супер“ домат кој може да има моќ да се бори против Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест и ракот. Модифицираното овошје е полно со витамин Д – кој исто така ги зајакнува коските, забите и мускулите.
Научниците користеле техника за уредување на гени позната како CRISPR, која им овозможила да направат прецизни промени на ДНК на одредени локации. Постапката го блокираше дејството на ензимот кој вообичаено го претвора витаминот во холестерол.
„Покажавме дека можете да ги биофорсификувате доматите со провитамин Д3 користејќи генско уредување, што значи дека доматите би можеле да се развијат како одржлив растителен извор на витамин Д3“, вели авторката на студијата, професорката Кејти Мартин.
„Четириесет проценти од Европејците имаат недостик на витамин Д, како и милијарда луѓе ширум светот. Не само што се соочуваме со огромен здравствен проблем, туку им помагаме и на производителите, бидејќи листовите од доматите кои моментално се фрлаат може да се искористат за правење генетски модифицирани додатоци“.
Овошјето и зеленчукот обично содржат мали количини на витамин Д, а најмногу обезбедуваат рибата и млечните производи како што се јајцата. Оваа суштинска хранлива материја го подобрува расположението, имунитетот и спиењето – работејќи рамо до рамо со калциумот. Луѓето исто така можат да го апсорбираат витаминот Д преку изложување на сонце – иако премногу изложување на сонце носи ризици, вклучително и рак на кожата.
Студијата во Nature Plants покажа дека еден домат има ниво на витамин Д еднакво на две јајца со средна големина или 28 грама туна.
Стратегијата за управување со гени може да стане опција и за други култури, како што се компирите, пиперките и чилито.
Comments are closed for this post.