Без струја денеска ќе бидат корисниците на дел од општините Аеродром, Кисела Вода, Сопиште и Илинден, а дел од општина Карпош ќе остане без вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија од 08:30 до 12 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. „23-ти Октомври“ во Општина Аеродром.
Од 9 до 11 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул. „Петар Делјан“ во Општина Кисела Вода, од 9 до 15 часот, корисниците од дел од село Добри Дол во Општина Сопиште, од 9:15 до 11:15 часот, корисниците од улиците: 531, 532 и 533 во населба Марино во Општина Илинден.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека поради отстранување дефект на водоводна цевка со пречник од Ф 80мм. на улица „Иван Аговски“, од 9 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Иван Аговски“, „Гиго Михајловски“, „Руѓер Бошковиќ“ и „Бранислав Нушиќ“ во Општина Карпош
Comments are closed for this post.