На синоќешната седница ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за активна блокада на Собранието од 10 мај. Како што соопшти потпретседателот Александар Николоски, на седницата се дискутирало за националната катастрофа во која е втурната Македонија со СДСМ и ДУИ: сиромаштија, криминал и корупција.

 

СДСМ и ДУИ се креатори на сите кризи, и тие не можат да бидат решение, напротив кризите се повеќе се продлабочуваат, затоа се потребни предвремени парламентарни избори. Власта е игнорантна кон реалноста и во СДСМ и ДУИ мислат само на своите фотелји, и затоа се борат и по цена на национални загуби да останат макар ден повеќе на власт. Оваа ситуација во која е државата не смее да трае долго, зошто последиците од криминалот, корупцијата и неспособноста на владата се огромни. Затоа  ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон активна блокада на собранието, а со цел предизвикување лидерска средба на која ќе биде договорен датум за предвремени парламентарни избори, и ќе се пристапи кон изнаоѓање на решенија во клучните сектори во кои ВМРО-ДПМНЕ понуди тимови. Тоа се секторите финансии, здравство, образование и секако меѓународните односи, европските интеграции и проблемот којшто Македонија го има со Бугарија. Ковачевски има доволно време до 10 мај да се предомисли и да пристапи кон организирање на лидерска со цел дефинирање на датум за избори, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.