За време на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Македонија беше промовиран новиот пристап во односите меѓу двете земји. Наместо на политика и отоворените прашања предност беше ставен на економијата.
Се формираа работни во повеќе сектори енергетика, инфраструктура, транспорт, земјоделство, железничко поврзување..
Но , според информациите на „Пресинг ТВ“ конкретно многу малку е направено, односно остана на потпишаните меморандуи и договори, без некој резултат.
Како капак на се дојде информацијата дека најгласно најавуваниот проект кој требаше да ги зближи граѓаните меѓу двете земји а тоа е авионската линија меѓу Скопје и Софија функционира со многу проблеми.
Се продаваат малку билети и интересот е слаб. Причина е исклучиво економска и не треба да се бараат политички мотиви. На оние што сакаат да патуваат поисплатиливо им е да патуваат со возило отколку со авион.
Засега авионската линија нема да се укинува но прашање е до кога операторот ќе ја одржува оваа линија особено ако не бидат субвенционионирани од двете земји.
Comments are closed for this post.