Македонскиот ракометен шампионат се ближи кон својот крај, а исходот за тоа дали Вардар ќе ја оÐ �брани титулата или Еурофарм Пелистер ќе го преземи тронот во голема мера ќе биде познат вечер по одигрување на големото дерби закажано за 19 часот.
Домаќините се подготвени, салата е целосно распродадена, а во неа се очекува да присуствуваат и околу 200 гостински навивачи.
Во „градот на конзулите“ владее огромен интерес за вечерашниот дуел. Управата на Еурофарм Пелистер во соработка со „Златен Даб“, општина Битола и тамошниот Културен и информативен центар попладнево од 14 часот ќе ја отвори „Фан-зоната“ на платото на Офицерски дом.
– Посетителите „Фан-зоната“ ќе можат да уживаат во вкусна храна и ладно пиво, забавно музичка програма и настапи во живо, а ќе можат и да си купат дресови, шалови и останати производи со заштитниот знак на клубот.
Големото дерби ќе може заеднички да се проследи на видео-бим.
Организаторот соопшти дека фан-зоната ќе биде отворена без разлика на временските услови
Comments are closed for this post.