Мадридски Реал ја потврди својата доминација во шпанскиот фудбал откако вечерва со триумфот на домашен терен над Еспањол (4-0) ја одбрани шампионската титула, а Бразилецот Марсело стана најтрофеен играч во историјата на „Кралскиот клуб“.
Реал ја обезбеди титулата на четири кола пред крајот на сезоната во Ла Лига со головите на двојниот стрелец Родриго, Асенсио и Бензема.
За Реал ова е 35 шампионска титула во Шпанија, додека Марсело го освои 24 трофеј откако дојде во редовите на клубот од Мадрид.
Барселона е втора на вечната листа со 26 шампионски титули, додека градскиот ривал на Реал, Атлетико има 11 титули
Comments are closed for this post.